Zülfiya Yakup
07 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
ПРИШТИНА (АА) - Новоизбраниот претседател на Косово, Хашим Тачи, денеска положи заклетва пред пратениците во Собранието на Косово, со што ја презеде новата функција, јавува Anadolu Agency (AA).
На свечената седница во Собранието присуствуваше, веќе, поранешната претседателка на Косово, Атифете Јахјага, странски дипломати акредитирани во Косово како и претставници на граѓанското општество во Косово.
Тачи се заколна дека „сета своја сила ќе ја посвети на зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово, обезбедување на човековите и граѓанските права и слободи, почитување и заштита на Уставот и законите и одржување на мирот и благосостојбата на сите граѓани на Република Косово”.
Новиот косовски претстедател притоа одржа говор, започнувајќи со поздрав кон сите присутни на албански и српски јазик.
“Почитувани граѓани на Косово, денес е посебен момент во мојот живот, момент на гордост и одговорност. Мојата политичка и животна кариера се одразува на случувањата низ кои помина Косово во последните три децении. Се ангажирав во сите процеси кои донесоа слобода и независнот на Косово. Чест ми е што сум дел од сите одлуки донесени за слободата, независноста и коснолидацијата на модердната држава Косово”, изјави Тачи.
Тој истакна дека како премиер ѝ служел на својата земја со сета своја енергија, за доброто на сите граѓани во Косово, но дека и на новата должност и новите обврски ќе работи за демократско, мултиетничко и европско Косово.
Тој вети дека како претседател ќе биде гаранција за почитување на Уставот и законите, заштитник на интересите на Косово, фактор на политичкото единство како и претставник на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска и родна припадност.
Тачи ѝ се заблагодари на претходничката Атифете Јахјага, на нејзиниот одличен труд како симбол за единството во претходните 5 години.
“Целта и визијата на граѓаните на Косово е интеграција во Европската унија и НАТО, како и вечно пријателство со САД. Ќе работам на понатамошно негување на правата и човековите слободи, на реформите и правосудтвото, образованиeто, здравствoто, економскиот развој и донесувањето на странски инвеститори во Косово”, порача Тачи.
Тој потсети дека Косово е признато од 111 земји и дека се зачленето во многу регионални и светски организации и дека во наредните денови се очекуваат препораки за визна либерализација.
Според него, Косово денес е фактор на мирот и стабилноста во регионот, при што вети дека ќе направи дијалог на нормализација на односите со Србија.
“Иаку минатото не може да се смени, ветивме дека ќе работиме на што побрзо зачленување во ЕУ не сметајќи си едни на други”, рече тој.
Косово, нагласи тој, со меѓународните парнери ќе работи да стане член на ОН.
Истакна дека Косово е дел од глобалниот антитерористички блок и дека ќе биде бескомпромисно во борбата против фундаментализмот и секој екстремен елемент.
Новиот косовски претседател нагласи дека ќе се ангажира низ политички и граѓански дијалог да го гаи и чува единството на народот на Косово.
Хашим Тачи, пред изборите за нов претседател на Косово, ја вршеше должноста на прв заменик-премиер и министер за надворешни работи на Косово како и лидер на Демократската партија на Косово.
Веднаш по изборите за претседател на Косово, тој поднесе оставка на позицијата лидер на партијата.
За утре, закажана е церемонија за инаугурација на Тачи, која ќе се одржи во централниот градски плоштад во Приштина во присуство на голем број странски и домашни гости.