Emre Gürkan Abay
16 Октомври 2018•Ажурирај: 17 Октомври 2018
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, истакна дека Договорот од Сочи постигнат меѓу Турција и Русија, се спроведува, и дека е нормално оти ќе се соочат со некои предизвици, но, како што рече тој, руската војска е задоволна од работите што ги вршат нивните турски партнери, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков, во Москва даде изјава за медумите околу Договорот од Сочи постигнат меѓу Турција и Русија за зачувување на примирјето во Идлиб, и рече дека добиле извештаи од руската војска околу случајот.
„Според овие извештаи, Договорот се спроведува. Нормално е да се соочува со некои предизвици, но руската војска е задоволна од работите на нашите турски партнери“, рече тој.
Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, на 17 септември се состанаа во Сочи, и се согласија за зачувување на примирјето во зоната за деескалација во Идлиб.
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, вчера истакна дека процесот на Идлиб се спроведува според планираното, и рече дека стојат зад нивните ветувања.