Tayfun Salcı
01 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) - На традиционалниот огномет на реката Темза, Лондон влезе во новата 2017 година, јавува Andolu Agency (AA).
Како и со дочекот на минатата година и овој пат присуството на огнометот на Темза не беше бесплатно. Над 100.000 луѓе купија билети за да присуствуваат на овој спектакуларен настан пред Парламентот на Велика Британија.
Нова Година со огномет во Лондон се прославува од 2003 година. Дочекот на 2017 година го обезбедуваа 3.000 полицајци.