Amina Zorniç
23 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Американските власти на лондонскиот аеродром Гетвик го забранија влезот за едно муслиманско семејство од Велика Британија во авион за Лос Анџелес, каде што сакаа да го посетат забавниот парк Дизниленд, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што пренесува британскиот "Гардијан", од Канцеларијата за национална безбедност на САД не дадоа никаков коментар на прашањето зошто на 11-членото семејство не му беше овозможено да лета, иако претходно ги доби сите регуларни потврди за патување.
Бидејќи ова е случај на исламофобија, тоа покрена бура во британската јавност, поради што помошниците од Кабинетот на премиерот Дејвид Камерон ветија дека ќе направат се за да го испитаат овој случај.
Еден од членовите на семејството на Мухамед Тарик Махмуд, за британските медиуми изјави дека на неговото семејство не му е објаснето зошто им е забранет влез во авионот.
"Тоа е поради нападот во Америка, тие мислат дека секој муслиман е закана", вели Махмуд, додавајќи дека авиокомпанијата изјавила дека нема да им ги надомести трошоците (13.340 долари).
"Никогаш не сум доживеал толкава непријатност во мојот живот. Јас работам тука, имам работа, но сум целосно отуѓен," рече тој.
Американската амбасада во Лондон не го коментираше инцидентот.