Admir Fazlagikj
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - "Вкупно 15 полицајци се повредени од кои петмина посериозно, по денешниот инциедент на македонската јужна границата, кога група мигранти се обиде да влезе во Македонија, при што беа спречени од страна на македонските безбедосни сили", потврдија за АА од Секторот за односи со јавноста при Министерството за внатрешни работи.
Исто така, од МВР информираа дека засиленото полициско присуство останува на јужната граница вечерва со цел да се обезбедат нелегалните премени и заштитната ограда, како и дека моментално ситуација е под конторла, откако полицијата реагираше со солзавец и шок бомби со цел да го спречи нелегалниот обид за влез во земјава.
Судирите започнаа откако околу 500 мигранти, од вкупно 11.000 мигранти заглавени во кампот на грчката страна на границата, им поверуваа на гласините во кампот дека границата ќе се отвори. Кога македонската полиција ги негираше гласините, кои се ширеа од страна на активисти уште во текот на вчерашниот ден, над 100 мигранти, вклучувајќи и неколку деца, се обидоа да се искачат преку оградата.