Bekim Laci
07 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерката за информатичко општество и администрација на Република Македонија Марта Арсовска Томовска и претставниците од регионалните и локалните телевизии и радија, на средбата која се одржа денеска се согласија за потребата да се донесат конкретни промени во предложениот текст за новиот Закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот зад затворени врати, министерката Арсовска Томовска најави дека на државно ниво бројката на овие медиуми е над 100, додека на состанокот присуствуваа околу 50 претставници кои се согласија и заклучија дека треба да се направат две конкретни промени во текстот на предлог законот со кој се предвидуваат поригорозни мерки поврзани со мерењето на рејтингот на овие медиуми.
„Со првата промена е предвидено при пресметката на уделите на пазарот на регионалните и на локалните телевизии да се направи поделба за терестеријалните регионални телевизии и за кабловските, за која беше договорено дека е најдобрата опција, додека со втората промена, како што појасни, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ќе избира агенција за мерење на рејтинзите на телевизите и радијата врз основа на високи професионални критериуми, а ако има потреба ќе се ангажира и втора агенција за проверка на состојбата“, рече Арсовска Томовска, нагласувајќи ја потребата да се имаат точни параметри.
Таа објасни дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, Агенцијата за медиуми во изминатиот период го мереше рејтингот на радијата и телевизиите со ангажирање на компетентни лица, но рече дека е прашање на преглед дали треба да се зголеми на повисоко ниво квалитетот на работата.
„Што се однесува до националните телевизии, се договоривме да се ангажира агенција избрана од Македонскиот комитет за мерење на гледаноста, но доколку регионалните и локалните телевизии се договорат дека сами ќе ангажираат агенција за мерење на гледаноста тоа ќе го обезбедиме без никаков проблем“, рече Арсовска Томовска, додавајќи дека во отсуство на договор, на Агенцијата за медиуми останува или да ангажира или друга агенција, или работата да ја продолжи истата.
Во врска со горенаведениот предлог, во среда се одржа состанок и со претставниците на телевизиите со национална концесија, додека ресорното министерство најавува дека наредните денови ќе се одржат други брифинзи каде што ќе бидат поканети сите субкјети кои ги засега законот.
Истата, меѓу друго, предвидува дека кампањите во вкупна вредност од над 100 илјади евра мора да се објават на сите регистрирани електронски медиуми (ТВ и радио) и на други медиуми, како што се весниците и интернет страниците, во зависност на групата на која се однесуваат.