Ekipa
03 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј изјави дека разговорите за излез од Европската Унија (ЕУ) влегуваат во најтешка фаза и ја повика нејзината поделена Конзервативна партија да ги запре расправиите околу Брегзит и да го поддржи нејзиниот план за идниот трговски договор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Обраќајќи се на партискиот Конгрес, ден откако нејзиниот ривал Борис Џонсон го нападна планот за Брегзит, Меј изјави дека предлозите на Велика Бртанија се многу „предизвикувачки за ЕУ“.
Меј ги предупреди критичарите кои сакаат потежок раскин со европскиот блок, со зборовите: „Доколку сите одиме во поразлични правци во потрага по сопствените визии за совршен Брегзит, ризикуваме на крајот да завршиме без каков било Брегзит.“