Kayhan Gül
12 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
МОСТАР (AA) - Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ и членовите на претседателството, Драган Човиќ и Младен Иваниќ се состанаа денес во Мостар со заменик премиерот на Турција Нуман Куртулмуш, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот е одржан во Кабинетот на хрватскиот член на Претседателството на БиХ во Мостар.
Со свечена церемонија денес ќе започне 19-от Меѓународен саем на стопанството- Мостар 2016. Овогодинешниот парнтер на Саемот е Република Турција, па заменикот на премиерот на оваа земја, Нуман Куртулмуш Саемот ќе го прогласи за отворен.
Освен Куртулмуш, во Мостар денес престојуваат и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Словачка, Андреј Киско и премиерот на Србија, Александар Вучиќ.
Почетокот на церемонијата на отварање на овогодишниот Саем на стопанство е закажан за 11 часот. Меѓународниот саем на стопанство во Мостар 2016 ќе биде отворен од 12-ти до 16-ти април.
На Саемот оваа година, ќе бидат претставени излагачи од 24 земји на околу 30.000 метри квардатни изложбен отворен и затворен простор. Се очекува саемските штандови да бидат посетени од страна на 50.000 луѓе.