Hakan Çopur
03 Септември 2016•Ажурирај: 04 Септември 2016
ЧИКАГО (АА) - Вицепремиерот на Турција, Нуман Куртулмуш, на 53. Конгрес на Исламската заедница на Северна Америка (ИСНА) во Чикаго, изјави дека терористичката организација ФЕТО ни малку не се разликува од другите терористички организациии како што се ДАЕШ или ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на темата „Надминување на непријателства: Да се промени тeкот на верувањето“, Куртулмуш потсети дека комплетниот светски систем има огромни тешкотии во обидите за надминување на огромните кризи сo кои се соочува, како војните, хаосот, тероризмот, неправдата и бегалската криза.
Како што изјави Куртулмуш, Турција е остров на стабилност во целиот тој хаос. Вицепремиерот потсети на обидот за државен удар, кој на 15. јули го изврши терористичката организација Фетулачи, паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ), чиј водач Фетула Ѓулен престојува во САД.
Потсетувајќи дека освен со ПКК и ДАЕШ, Турција се бори и против терористичката организација ФЕТО, Куртулмуш укажа дека е мошне значајна одлучноста на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кого во таа борба го следи народот.
„ФЕТО не се разликува од другите терористички организации, како ДАЕШ и ПКК“, изјави Куртулмуш и додаде дека ФЕТО се претставувала како организација што се занимава со образование и активности во граѓанскиот сектор, додека од друга страна таа се занимава со терористички активности. Тој додаде дека тоа подло движење не претставува закана само за Турција, туку и за многу други земји.
Куртулмуш изјави дека Ѓулен би требало да оди во притвор, додека американското правосудство не донесе одлука за негово испорачување.
„Доставивме доволно докази за поврзаноста на Ѓулен со обидот за државен удар, а додека судот не донесе одлука, сметаме дека тој треба да биде во притвор“, изјави Куртулмуш потсетувајќи дека САД не би требало да одолговлекува со испорачувањето на водачот на терористичката организација ФЕТО.