Aldıjana Hadzıc
13 Август 2016•Ажурирај: 13 Август 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1521 - По неколку месеци опсада и деструкција, освоен е Теночтитлан, главниот град на Ацтеките. Врз урнатините на овој град подоцна бил изграден Мексико Сити.
1792 - Францускиот крал Луј XVI беше официјално уапсен. Националниот суд го прогласи за непријател на народот.
1814 - Холандија на Велика Британија ѝ го отстапи р'тот Добра Надеж.
1899 - Роден е режисерот Алфред Хичкок. Неговата уметност е особено забележлива во областа на криминалистичкиот жанр. Тој почина на 29 април 1980 година.
1926 - Роден е кубанскиот политичар Фидел Кастро. Со неговото движење на 26 jули го сруши режимот на Фулгенсио Батиста и стана претседател на Куба. Покрај тоа, беше голем непријател на империјализмот на САД. Почина на 24 февруари 2008 година.
1961 - Во Источна Германија започна изградбата на Берлинскиот ѕид. Ѕидот што го одделуваше источниот и западниот дел е срушен на 9 ноември 1989 година.
1968 - Роден музичарот Златан Стипишиќ, подобро познат под уметничкото име Џибони. Тој е автор на бројни хитови меѓу кои и "Цесарица", "Златне године", "Две душе", "Ово ми је школа", "Чиним праву ствар", "У љубав вјере немам".
1984 - Роден е фудбалерот и репрезентативец Нико Крањчар. Тој играше во Динамо, Хајдук, Портсмут, Тотенхем и Динамо Киев.