Aldıjana Hadzıc
03 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
321 - Римскиот император Константин ја прогласил неделата како ден за одмор и верски обреди.
323 - Западно-римскиот цар Константин Велики го порази во битката кај Адрианополис источно-римскиот цар Ликиниј.
1630 - Владетелот Фердинанд II го отвори германскиот парламент.
1642 - Почина француската кралица Марија де Медичи, ќерка на кралот Франческо I Медичи. Кралицата Марија била позната по својата убавина. Во 1600 година се омажила за францускиот крал Хенри IV.
1720 - Шведска и Данска потпишаа мировен договор.
1775 - Џорџ Вашингтон, кој подоцна беше избран за претседател на САД, ја презеде контролата на војската на колонистите во Американската војна за независност.
1883 - Роден е писателот Франц Кафка. Тој ги напиша делата "Трансформација", "Уметник во гладување", "Процес", "Замок" и "Америка". Тој почина на 3 јуни 1924 година.
1962 - Алжир, по неколкугодишна француска окупација се стекна со независност.
1962 - Роден е актерот Том Круз. Тој глумеше во филмовите како што се "Топ Ган", "Бојата на парите", "Дождовниот човек", "Невозможна мисија I, II и III", "Џери Мегвер", "Ванила Скај", и многу други.
1985 - Премиерно е прикажан филмот "Враќање во иднината"
2004 - Почина рускиот космонаут Андријан Николаев. Тој во 1962 година стана третиот човек кој престојуваше во Вселената.