Aldıjana Hadzıc
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1554 - Основан е Сао Паоло, еден од најбогатите градови во Бразил. Покрај тоа што е центар на културата и економијата, град кој името го добил по Свети Павле, се смета и за еден од центрите на глобалната економија денес.
1882 - Родена е британската писателка Вирџинија Вулф. Од особено значење е нејзиниот придонес за "женското писмо", а темите кои ги обработуваше во своите дела беа менталната болест, позицијата на жените во општеството, самоубиства и многу други.
1924 - Во Шамон, Франција, се отворени првите Зимски олимписки игри. Игрите првично беа познат како "Меѓународна седмица на Зимските спортови" и се одржаа во склоп на Летните олимписки игри. Натпреварите траеа до 5-ти февруари. Организирани беа од страна на Францускиот Олимписки комитет, а Меѓународниот олимписки комитет подоцна ги именуваше како први Зимски олимписки игри.
1947 - Почина американскиот гангстер Ал Капоне.
1955 - Поранешниот Советски Сојуз официјално ѝ стави крај на војната со Германија.
1981 - Роден е македонскиот пејач Тоше Проески. Тој е познат по серијата песни како што се "Игри без граници", "Пратим те", "Ако ме погледнеш во очи" и многу други. Загина во сообраќајна несреќа во 2007 година.
1987 - Почина една од најпознатите фудбалери во поранешна Југославија, играчот на ФК Сараево, Асим Ферхатовиќ Хасе.
1990 - Почина американската актерка Ава Гарднер, една од најубавите актерки на 20-от век.