Aldıjana Hadzıc
19 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Помеѓу историските настани кои се случија на денешен ден, издвојуваме:
1154 - На англискиот престол дојде Анри II, првиот владар на династијата Плантагенет. Ја зацврсти кралската власт и ја ограничи власта на баронот и судската власт на црквата, поради што дојде во судир со кантерберискиот надбискуп Томас Бекет.
1793 - Наполеон Бонапарта ја добри првата важна битка кога од британците го презеде Тулон.
1842 -САД ја призна независноста на Хаваите, но американското влијание остана доминантно. Хавајските острви се анектирани 1898 година, а на 31 август 1959 година стана 50 држава на САД.
1863 - Пронаоѓач на Фридрих Валтон во Лондон го патенрираше подниот прекривач- Линолеум.
1902 - Роден е актерот Ралф Ричардсон, една од најзначајните личности на англискиот театар. Глумеше во Шекспировите модерни драми, во комедиите и трагедиите а глумеше и во филмовите "Ричард III", "Нашиот човек во Хавана" ,"Др. Живаго" ,"Картоум", "Ана Карењина", како и во многу други.
1905 - Усвоен е првиот Устав на Црна Гора, со кој државата стана конституирана како уставна монархија.
1941 - По неуспешната офанзива на Москва во Втората светска војна, Адолф Хитлер го смени тогашниот командант и ја презеде командата над германската армија.
1972 - Јужнокорејскиот танкер "Јужна sвезда" испушти повеќе од 100 илјади тони нафта покрај Оман.
1972 - Капсулата на свемирскиот број "Аполио 17" се спусти во Тихиот океан. Со тоа е завршена американската програма "Аполо" летови на Месечината со човечка посада.
1996 - Почина Марчело Мастроиани, sвездата на италијанската кинематографија. Глумеше во филмовите како што се "Сладок живот", "Осум и пол" , "Развод на италијански начин" , како и во многу други.
2002 - Хрватската влада ја усвои резолуцијата за пристапвуање во ЕУ . Од 112 присутни пратеници, 111 гласаше за резолуцијата, а еден беше воздржан.
2005 -Во Авганистан, по повеќе од 30 години и после повеќе децениско крвопролевање, конституиран е парламентот.
- Почина Џозеф "Џо" Барбера член на аниматорската двојка Хана-Барбера, кој создаде некои од напознатите ликови од цртаните филмови како што се "Том и Џери", "Јоги Бер", "Семејството Кременко", "Скуби ду", "Штрумфови" ... Барбера и Вилијам Хан се здружија 30-те години од минатиот век додека работеа за "Metro-Goldwyn-Mayer" (MGM).