Kemal Zorlak
20 Јануари 2016•Ажурирај: 21 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските случувања кои се случија на денешен ден издвојуваме:
1775 година - Роден е францускиот физичар и математичар Андре-Мари Ампер, професор во Политехничкото училиште во Париз и на "College de France". Меѓу првите ги раздели атомите и молекулите. Го пронајде галванометарот, придонесе во развојот на телеграфот и електромагнетот. Амперовиот закон е закон кој го изразува фактот дека магнетното поле се создава како резултат на свивањето на електричниот набој, поврзувајќи ги електричните и магнетските појави.
1887 година - САД и Хаваите склопија договор според кој Американците добија право Перл Харбор да го користат како поморска база.
1920 година - Роден е Федерико Фелини, италијанскиот филмски режисер и сценарист, еден од највлијателните режисери во 20-от век. Креатор е на посебниот стил кој содржи елементи на документарен, лирски и реалистичен израз. Доби четири Оскари за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за филмовите „Амакорд”, „Улица”, „Ноќите на Кабирија”, „Осум и половина”. Познати се и неговите филмови „Сладок Живот” и „Сатирикон”.
1945 година - Френклин Рузвелт е инаугуриран по четврти пат за претседател на Соединетите американски држави (САД), единствен во историјата на оваа земја кој четири пати е биран за претседател.
1961 година - Џон Кенеди на 43- годишна возраст е инаугуриран за претседател на САД, како најмлад шеф на државата во целата нејзина историја, а 20 години подоцна Роналд Реган на 70-годишна возраст ја презеде должноста шеф на државата, станувајќи најстар претседател во историјата на САД.
1990 година - Во Белград е одржан последниот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија (14-тиот вонреден конгрес на СКЈ). Поради несогласувањата во решавањето на клучните проблеми на југословенската заедница, словенечката и хрватската заедница го напуштија тој собир. Тоа беше крајот на Сојузот на комунистите на Југославија, а многумина сметаат дека тоа е почеток на распаѓањето на СФРЈ.
1996 година - На изборите во Газа и Западниот брег, одржани според договорот помеѓу Израел и Палестинците, лидерот на ПОО Јасер Арафат стана првиот демократски избран лидер на палестинскиот народ, со 88,1 отсто од гласовите.