Şerife Çetin
02 Февруари 2019•Ажурирај: 03 Февруари 2019
БРИСЕЛ (АА) - НАТО соопшти дека оваа недела ќе го потпише Протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, што претставува последна фаза за членството на земјата во НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во објава на Твитер напиша дека на 6 февруари во седиштето на НАТО во Брисел ќе се потпише Протоколот за пристапување кој претставува последна фаза за членството на Македонија во Алијансата.
Тој нагласи дека на потпишувањето на овој протокол за пристапување ќе биде присутен и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров.
Со цел започнување на членството на Македонија во НАТО, потребно е Протоколот за пристапување да биде ратификуван и во парламентите на земјите членки на Алијанската, како и да се комплетираат некои официјални процеси.
Во текот на овој процес Македонија како поканета земја ќе учествува на состаноците на НАТО.
Од друга страна, според Преспанскиот договор кој беше потпишан меѓу владите на Македонија и Грција во јуни минатата година, откако Атина ќе го потпише и ратификува Протоколот за пристапување, Република Македонија официјално ќе го смени своето име во Република Северна Македонија.
На Самитот во Брисел минатата година НАТО испрати покана за членство до Македонија.