Ekipa
18 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
САРАЕВО (АА) - Во улицата Сафет Зајка во сараевската населба Рајловац, во кладилницата "Пет плус" вечерва се случи пукање во кое се убиени двајца војници на Вооружените сили на БиХ, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на МВР на Кантонот Сараево Ирфан Нефиќ на новинарите им потврди дека вечерва се случило пукање во кое се убиени двајца војници на Вооружените сили на БиХ.
"Две лица смртно страдаа. Екипите на Брза помош излегоа на терен и за жал констатираа смрт на овие две лица" , рече Нефиќ.
Истакна дека се преземаат сите мерки за идентификација на напаѓачот кој е во бегство и кој, како што рече, во нападот користел огнено автоматско оружје. Додаде дека е рано за било какви заклучоци за можна поврзаност со радикални групи.
Од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево за АА потврдено е дека случајот е пријавен во МВР на Кантонот Сараево пријавен во 19.35 .
"Во населбата Рајловац вечерва дојде до употреба на огнено оружје", наведоа од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи од Кантонот Сараево, истакнувајќи дека до пукањето дошло и дека на местото на настанот се упатени повеќе полициски екипи.
Потврдено е дека лицето кое го извело нападот се наоѓа во бегство.