Hacer Başer
23 Јануари 2016•Ажурирај: 24 Јануари 2016
ЕРУСАЛИМ (AA) - Припадниците на израелските безбедносни сили убија 13-годишен Палестинец на северот на Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на израелската полиција, Луба Самир рече дека припадниците на безбедносните сили пукаа на детето поради сомнеж дека ќе изведе напад со нож . Според неговите зборови, се се случи во населбата Антут, на северот на Ерусалим. Детето, откако беше пукано во него, почина на местото на настанот.
Тензиите и безбедносната криза на Блискиот исток се во пораст од октомври минатата година, а до сега израелската војска уби десетици Палестинци, правдајќи го тоа со наводни обиди со ладно оружје.