Oğuzhan Çal
04 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, во телефонски разговор со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изрази задоволство од напорите што ги прави Турција, заедно со регионалните актери, за почеток на политичките преговори меѓу режимот и опозицијата со цел проширување на прекинот на огнот на територијата на цела Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама, за време на разговорот со Ердоган изразил сочувство по повод неодамнешните терористички напади во Истанбул и претходно во Кајсери.
Двајцата лидери разговараа и за борбата против ДЕАШ во Ирак и Сирија, и истакна дека заедно ќе продолжат со активностите во рамките на борбата против тероризмот.
Обама и Ердоган на крајот изразиле надеж дека ќе биде постигнато и одредено решение во врска со кипарското прашање.