Cuneyt Davut
26 Јули 2016•Ажурирај: 27 Јули 2016
СКОПЈЕ(АА) - Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Омур Шолендил, даде изјава за АА во врска со неуспешниот обид за државен удар што на 15 јули во Турција, беше организиран од страна на терористичката организација на Фетулах Ѓулен (ФЕТО).
Амбасадорот Шолендил во својата писмена изјава соопштува:
„Вечерта на 15 јули, во Турција, една мала група од припадници на турските вооружени сили, поврзани со терористичката организација ФЕТО, која припаѓа на Фетулах Ѓулен, изврши предавнички обид за државен удар, кој благодарение на одлучноста, мудроста и храбриот став, под водство на почитуваниот Претседател на Турција, вклучувајќи ги и почитуваниот Премиер, почитуваните пратеници на Големото национално собрание на Турција и нашата света нација, беше неуспешен. За восхитување е и борбата против обидот за државен удар на претставниците на вооружените и безбедносни сили кои се приврзани кон својата држава и народната волја.
Во тој поглед, треба да се напомене единството и заедништвото што го покажаа политичките партии наспроти предавничките бомбашки напади врз Парламентот, Претседателската палата и обидот за атентат врз Претседателот на Турција и неговото семејство. Тоа претставува важна пресвртница во историјата на Турција.
Всушност, за илегалните, подмолни активности на терористичката организација ФЕТО, предупредени се многу земји и ќе се продолжи со предупредувањата. Продолжува процесот на државата и нацијата за заштита и присвојување на народната волја, демократијата и владеењето на правото и јавниот ред.
За жал, за време на овој крволочен напад имавме жртви (шехиди) и голем број повредени граѓани. Ја користам оваа можност да ги повторам молитвите за нашите шехиди Господ да им се смилува, и побрзо закрепнување на ранетите граѓани. На ожалостените семејства им посакувам Господ да им даде трпение и сила.
Ќе продолжи нашата одлучна борба и потребните иницијативи против сите активности и акции што ги земаат за цел мирот, спокојот, просперитетот, единството и интегритетот на нашата земја", се вели во писмената изјава на Амбасадорот на Турција Шолендил.