Aybala Arpacı
12 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи го повика на конултации во Анкара амбасадорот на Турција во Бангладеш, Деврим Озтурк, јавува Anadolu Agency (AA).
Од дипломатски извори се дознава дека амбасадорот Озтурк е повикан во Анкара на консултации по погубувањето на лидерот на партијата Џемат-и Ислами во Бангладеш, Мотиур Рахман Низами. Се очекува амбасадорот Озтурк денеска да пристигне во Турција.
Вчера Министерството за надворешни работи во своето писмено известување остро го осуди погубувањето на обвинетиот Низами од страна на Судот за воени злосторства, формиран од Владата на Бангладеш.