Senada Ibraimova
22 Октомври 2016•Ажурирај: 22 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) – По денешното отворање на здружението на независни бизнисмени и индустријалци од Турција, МУСИАД и започнувањето на турско – балканскиот бизнис форум во Скопје, здружението потпиша меморандум за соработка со Македонија, Албанија и Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на МУСИАД, Наил Олпак потпиша меморандум за соработка со извршната директорка на стопанска комора на Македонија, Јелисавета Георгиева, претседателот на стопанска комора на Косово, Николин Јака и претседателот на стопанска комора на Албанија, Сафет Грџалиу.
Потпишувачите на меморандумот истакнаа дека овој меморандум ќе влијае позитивно на економската соработка на овие држави и ќе придонесе кон нивен развој.
„Би сакала да истакнам дека ова не е само стопанска комора на Македонија, туку и на целиот регион. Ние од наша страна ќе обезбедиме услуга и ќе ја подобруваме бизнис соработката, не само со Турција туку и со цел регион“ изјави Георгиева.
„Ние треба да ги интензивираме економските односи со Турција. Јас сум убеден дека, овој меморандум е првата фаза за интезивирање и зголемување на трговската размена меѓу нашите држави“, рече Јака.
„За нас како Косово, Турција е многу важен партнер и тоа не само врз основа на економската соработка, туку и на политички и стратешки план. Јас мислам дека партнерството со Турција е многу важно за нас поради фактот дека, Турција има важни мрежи со другите континенти“, истакна Грџалиу.
- Свечено отворање на болницата Санте Плус во Скопје
По потпишувањето на меморандумот за соработка, свечено беше отворена болницата Санте Плус во Скопје. На церемонијата учествуваа претседателите на стопанските комори, тускиот амбасадор во Македонија Омур Шолендил, министерот без ресор Бејџан Илијас и други.
- Гала вечер по повод отворањето на МУСИАД
По свечената вечер одржана во хотелот Александар Палас во Скопје, на која покрај сопствениците на стопанските комори и бизнисмени од регионот, присуствуваа и министерот за економија, Дритон Кучи, министерот без ресор Бејџан Илијасм и други гости, а на присутните им се обрати ипретседателот на МУСИАД Наил Олпак.
Меѓу другото, Олпек во својот говор, опишувајќи го растот на здружението, рече дека моментално е најголемата граѓанска организација во Турција, која се шири со голема брзина и дека наскоро ќе се отворат странски филијали во Мелбурн, Токио, Амстердам, Судан, Тблиси, Лондон, Пакистан, Баку, Стразбур, Белгија, Казакистан и Киргизстан.
Осврнувајќи се на турската економија, за која како што рече, и покрај случувањата во државата продолжува да го изненадува светот со нејзиниот раст, Олпак истакна: „Зошто да не изненадува!? Да се потсетиме, Британија пред некое време одлучи да излезе од ЕУ и веднаш после оваа одлука фунтата падна на најниско ниво спрема доларот во последниве 30 години. За Турција, случувањата од 15. јули се поголем земјотрес од Брегзит. Меѓутоа, Турција од овој земјотрес не се ни потресе. За неколку дена, турската лира си ја врати вредноста.“
Понатаму, нагласувајќи го растот на економијата од 3.1 отсто од вториот квартал на годината, Олпак рече дека Турција е една од петте први економии во светот со најголем раст за 2016 година.
Според него во последните години расте бројот на фирми кои инвестираат во Македонија, но овој број треба уште повеќе да расте и понатаму.
„Инвестициите на турските инвеститори е околу 1.2 – 1.3 милијарди долари. Во последните 10 години обемот на трговијата е дупло зголемен. Но, мораме да бидеме искрени, сеуште не е на нивото кое го посакуваме“, рече Олпак и додаде дека,новата филијала на МУСИАД ќе допринесе во растот на економските односи меѓу двете држави, но и упати апел дека, за тоа да се постигне е потребна поддршка и од политичарите во државата.
Министерот Кучи, во своето обраќање рече дека, отворањето на нови работни места е многу важно за Македонија. Тој истакна дека, Македонија во изминатиот период се соочува со една политичка криза, но изрази надеж дека после предвремените парламентарни избори кризата ќе се надмине.
„Ние треба да излеземе од овие ментални бариери, кои го опкружуваат Балканот. Целиот балкански регион треба да се интегрира и немаме друг избор. И ние во Македонија и регионот, треба да го заборавиме традиционалниот патриотизам и да го замениме со економски патриотизам. Ова ќе биде моќ, верување и надеж за подобра европска иднина“, изјави Кучи. Тој упатувајќи апел до инвеститорите да инвестираат во Македонија, истакна дека, треба да се има предвид пропорционалниот придонес, односно како што рече тој, колку се инвестира на источниот дел, толку да се инвестира и на западниот дел на државата.