Sarp Özer
17 Октомври 2016•Ажурирано: 18 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Командата на турските воздухопловни сили соопшти дека во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, на северот од Сирија, извршила воздушни напади врз магацин за оружје, зградата на штабот на ДЕАШ, нивни засолништа, при што се уништени четири цели, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од турските вооружени сили, на северот од Сирија, во подрачјата на Мазрат Ал Ујун, Хуз, Схудуд и Хаџи Ќушан биле забележани позиции на ДЕАШ.
По овие сознанија, авионите на командата на воздухопловните сили, во периодот од 10:40 до 10:50 извршиле напад врз позициите на ДЕАШ.
Авионите во својата акција уништиле вкупно 4 цели, од кои магацин со оружје, зградата на штабот на организацијата и засолништа.