Mahmoud Barakat
15 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
БАГДАД (АА) - Ирачкиот шеф на армискиот персонал вчера ги повика жителите на Мосул да останат во своите домови и да не се приближуваат до позициите на ДЕАШ во периодот кога се планира започнување на воената кампања за преземање на градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи во рамките на состанокот со армиската оперативна команда на покраината Нинива во подрачјето Макмур, југоисточно од Мосул, Ал Ганими за АА изјави дека воените места на ДЕАШ во градот наскоро ќе се најдат под оган од страна на ирачките сили и коалициските воени авиони, предводени од САД.
„Часот се ближи”, изјави Ал-Ганими во мислејќи на престојната операција за ослободување на Мосул од ДЕАШ.
„Сите политички и безбедносни агенции се договорени во врска со плановите за заземање на градот”, вели тој.
Слична изјава беше издадена и од претседателот на ирачкиот Парламент, Осама ал Нуџафи, кој исто така ги повика жителите на Мосул да останат во своите домови, подалеку од воените позиции на ДАЕШ.
Извори блиски на тековните средби меѓу турските и американски воени претставници вчера истакнаа дека обучени борци на Турција - во моментов стационирани во кампот Башика во северен Ирак - ќе земат учество во претстојната кампања за Мосул.
Според истите извори, операцијата се очекува да започне во текот на следните неколку дена, доколку нема одредени непредвидени околности.
За време на почетната фаза од операцијата, како што се вели, ирачките трупи ќе напредуваат во неколку фронтови на градот, придружувани од страна на обучените борци и силите на Пешмерга.
Во средината на 2014 година, ДЕАШ го зазеде Мосул, главниот град на ирачката северна покраина, пред заземање на големи делови од територијата во северниот и западниот дел на земјата.
Во изминатите месеци ирачката армија поддржана од локалните сојузници и коалицијата предводена од САД - врати поголем дел од територијата.
Сепак, терористичката група држи под контрола одредени делови од земјата, вклучувајќи го и Мосул.