Sevil Çelik
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Адвокатот на команијата во чија сопственост е бродот "Пули" кој беше киднапиран на југот од пристаништето Порт Харкорт во Нигерија, изјави дека се ослободени шестмината турски членови на екипажот, јавува Anadolu Agency (AA).
Улгенер во писано соопштение наведе дека бродот е киднапиран на 11 април во водите недалеку од брегот на Нигерија.
Тој додаде дека Илкај Олгун, Халук Буран, Фуркан Топџу, Мехмет Бабаџан, Сукру Домбек и Ерај Фалај се ослободени на 25 април.
“Ги поминаа здравствените прегледи и сите се во добра здравсвена состојба" , истакна Улгенер и им се заблагодари на турските институции за помошта која ја пружија.