Levent Tok
17 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
АНКАРА (АА) – Слободната сириска армија во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ на северот од Сирија, од терористите досега ослободи територија од 1.200 квадратни километри. Операцијата започна да навлегува во зацртаниот коридор на ПЈД и ПКК кој е на 20 километри од местото Баб, контролано од ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата „Штитот на Еуфрат“, која е поддржана од страна на Турските вооружени сили, се движи кон југот, откако вчера од терористички елементи беше исчистена територијата помеѓу Азез – Џарабулус, долж турско-сириската граница.
Во рамките на оваа операција, која започна на 24. август, Умерената сириска опозиција вчера ги ослободи селата Хавар ен-Нахр, Тилалин, Ихтемилат, Салихије, Месудије, Хамидије и Иснебил, со што се поврза линијата Маре – Џарабулус.
По соединувањето со Маре, силите на Умерената сириска опозиција во тој град ги зајакнаа своите позиции против заканите од ПЈД/ПКК и ДЕАШ. Со вчерашното преземање на Дабик од ДЕАШ, порасна мотивацијата на опозициските сили, додека за терористичката организација ова беше психолошки удар.

Дабик има симболично значење за ДЕАШ. Организацијата верува дека во Дабик, со војната против „оние сили што не веруваат дека се муслимани“, ќе започне и судниот ден. Меѓутоа, лидерот на организацијата, Ебубекир Багдади тврдеше дека оваа очекувана војна ќе се случи подоцна.
Вчерашното преземање на Дабик од страна на Слободната сириска армија, предизвика внимание кај меѓународната јавност.
- Продолжува напредокот кон Баб, пропаѓа целта на ПЈД/ПКК
На 54. ден од операцијата „Штитот на Еуфрат“, Умерената сириска опозиција ослободи територија со вкупна големина од 1.200 квадратни километри во подрачјето на Џарабулус – Мунбич.
Опозициските сили се приближија на 20 километри од Баб, каде што се наоѓаат голем број милитанти на ДЕАШ.
Приближувањето на Умерената сириска опозиција кон Баб го отежнува воспоставувањето на доминација од страна на ПЈД/ПКК, која доколку не го преземе Баб, ќе има прекин во подрачјата што ги контролира од градот Африн до градот Мунбич.
- Операцијата Рака
Од турска страна се вели дека, по Баб, гледаат позитивно и на операциите насочени кон централната база на ДЕАШ, градот Рака, доколку се исполнат некои услови за тоа.
Портпаролот на претседателството, Ибрахим Калин, во врска со оваа тема, на 13 октомври ја даде следата изјава:
„Во рамките на меѓународната коалиција за борба против тероризмот, доколку оваа операција се изврши, ДЕАШ да се исчисти од тука, и ние ќе помогнеме во тоа. Меѓутоа, ние сепак на Американците им понудивме нешто: ова да го направиме со Умерената сириска опозиција, сириската слободна армија, која покажа голем успех во Џарабулус, а не со ЈПГ. Доколку ЈПГ заземе место во оваа операција, Турција секако дека нема да заземе. Ова подразбира признавање на ЈПГ и доаѓање во контакт со нив, а нашата политика не е таква. Гледаме дека операцијата во Рака, исто како што беше во Мосул, може да се направи со некои недостатоци. Оваа тема го привлече вниманието на нашите американски колеги, а јас сакам да го привлечам и јавното мислење на оваа тема“.