Nour Mahd Ali Abu Aisha,Zeynep Tüfekçi
16 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
ГАЗА (АА) - Најмладата жртва на масакрот што израелските сили во понеделникот го извршија врз Палестинците за време на демонстрациите на границата на Газа е осуммесечното бебе Лејла Енвар Гандур, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските сили усмртија неколку десетици Палестинци кои демонстрирале против одлуката за преместување на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
Меѓу загинатите Палестинци е и осуммесечната Лејла, девојче кое почина како последица на димните бомби со солзавец, чиешто тело беше закопано вчера.
Нејзината мајка Мејрем ел Гандур за Anadolu Agency (AA) изјави дека израелските сили ѝ го одзеле детето. Со очи полни со солзи се присети на денот кога се организирани протестите. Таа додаде дека нејзиното бебе не било на протестите, но дека нејзиниот брат од 13 години без знаење на мајката ја носел кај баба ѝ, која живее во близина на местото на одржување на протестите.
Таа изјави дека нејзината ќерка била секогаш насмеано дете, а за нејзината смрт го смета Израел за одговорен.
Бабата на детето, Хејам Омер, изјави дека окупаторските сили, не земајќи го предвид присуството на децата, против палестинските сили користеле солзавец и боева муниција
„Кога израелските сили започнаа да фрлаат плински бомби со солзавец, сакав да ја заштитам и однесам дома. Бојата на лицето ѝ беше поразлична. Брзо отидовме во болница. Лекарите ни рекоа дека починала како последица на димни бомби со солзавец“, додаде таа.
Омер бара Израел да одговара за масакрот врз Палестинците кои мирно демонстрирале.
Израелските сили на границата на Газа усмртија 62 Палестинци кои демонстрираа против одлуката за преместување на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим и го одбележуваа сеќавањето на Накба (Голема катастрофа). Во протестите се ранети и 3.188 Палестинци.