Safiye Karabacak
03 Јануари 2016•Ажурирај: 04 Јануари 2016
ГАЗА (АА) - Калиграфот од Газа Хашим Келуб со месеци веќе работи на преписот на Kур'анот на големи картонски страници со димензии 100x70 центриметри, јавува Anadolu Agency (AA).
После шест месеци напорна работа, успеа да заврши половина од Kуранот, а се надева дека таа работа ќе ја заврши до наредното лето.
На овој 56-годишен краснописец тоа не му е прво искуство, бидејќи и порано успевал да го препише Куранот на листови со димензии 70x50 центиметри.
"Иако е големо уживање, тоа е исклучително тешка работа, бидејќи морам да бидам многу внимателен за да не згрешам нешто при препишувањето на Божјите зборови. Јас сум горд на работата која ја работам", рече Келуб.
Келуб и понатаму изразува големо задоволство,вели дека калиграфијата му е воедно љубов, начин на заработка за живот и додава дека станува збор за работа која бара големи материјални вложувања, бидејќи материјалот во Газа е скап, а тој сака неговото дело да биде перфектно.
"Ова е работа по калиграфска техника на хафиз Осман, а по завршување ќе го подарам на исламскиот универзитет во Газа", заклучи Келуб.