Said İbicioğlu
21 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
КАИРО (АА) - Палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ел-Малики упати повик до земјите-членки на ЕУ да донесат одлука за итно признавање на Палестина, јавува Anadolu (AA).
Малики зборуваше пред состанокот на министрите за надворешни работи на европските и арапските земји, кој се одржува во главниот град на Египет, во Каиро, и ги повика земјите-членки на ЕУ да вложат напори за да се забрзаат официјалните разговори за обезбедување договор за целосно партерство меѓу Палестина и ЕУ.
Тој истакна дека не треба да се молчи за прекршувањето на хуманитарните закони и волјата на меѓународната заедница од страна на Израел. Малики исто така рече дека Франција вложила напори да организира меѓународна мировна конференција и тоа со задоволство било прифатено на меѓународната сцена, но Израел го одби овој предлог, и повторно зазеде негативен став.
Во октомври 2014 година, Шведска официјално ја призна Палестина како држава и со тоа, бројот на земји што ја признаа Палестина е 135, но покрај овој чекор на Шведска, останатите европски центри не покажа интерес за признавање на Палестина.
Во европските земји има зголемување на тенденциите за признаваање на Палестина како држава. Во таа насока се движат парламентите на Британија, Шпанија, Франција, Ирска и на Белгија, кои донеле неколку одлуки што не се обврзувачки.
Европскиот Парламент ја признава палестинската држава само „во принцип“. Поголемиот дел од 135-те земји што ја признаа Палестина се земји од Африка, Азија и од Латинска Америка.