?kipa
10 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на церемонијата на поставување камел-темелник на Културниот центар „Атарурк“ истакна дека денеска се прави важен чекор во уметничкиот и културниот живот на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Денеска, заедно со сите, правиме навистина важен епохален чекор во уметничкиот и културниот живот на нашата земја“, истакна Ердоган.
Тој нагласи дека кога ќе се комплетира по 2 години, Културниот центар „Ататурк“ ќе се стави во служба на уметниците и љубителите на културата.
Турскиот претседател рече дека Културниот центар „Ататурк“ во Истанбул ќе се состои од 5 блока, со затворен простор од 95.600 квадратни метри.
На свеченото поставување на камен-темелникот, со посредство на турскиот претседател, цената на чинење на проектот од 860 милиони лири (околу 164 милиони долари), беше намалена на 850 милиони лири (околу 162 милиони долари).
Ердоган истакна дека рокот за изградба на овој културен центар е намален од 24 на 20 месеци, и дека касарната „Рами“ ќе се претвори во најголемата библиотека во Истанбул, во која нема да се оданочуваат книгите, списанијата и весниците.