Ekipa
10 Февруари 2019•Ажурирај: 10 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), а воедно и кандидат на АК Партијата за градоначалник на Истанбул, Бинали Јилдирим, истакна дека Културниот центар „Ататурк“ повторно ќе биде средиште на младите, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим имаше свое обраќање на церемонијата на поставување камел-темелник на Културниот центар „Ататурк“ во Истанбул, на која беше присутен и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Јилдирим посака Културниот центар „Ататурк“ да биде за добробитта на Истанбул и Турција, истакнувајќи дека ќе започне нов период во културниот и уметничкиот живот во Истанбул.
Потсети дека овој центар во 2008 година бил принуден да ги затвори своите врати за уметноста и уметниците, поради што постоела потреба за реконструкција.
„Културниот центар „Ататурк“ повторно ќе биде средиште на младите“, додаде тој.
Според Јилдирим, колку ќе зајакне Истанбул, толку ќе зајакне и Турција.
Турскиот претседател Ердоган претходно информираше дека овој проект е во вредност од 850 милиони лири (околу 143 милиони евра), и дека ќе се отвори за 20 месеци.