Ekipa
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Иранската државна новинска агенција објави дека поранешниот претседател на таа земја Акбар Хашеми Рафсанџани почина на 82-годишна возраст, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранската новинска агенција јави дека Рафсанџани претходно бил хоспитализиран поради проблеми со срцето.
Функцијата претседател на Иран, Рафсанџани ја извршуваше од 1989 до 1997 година, и се сметаше за влијателен политичар кој имаше клучна улога во турбулентната политика на Иран.
Тој го поддржуваше Хасан Рухани, сегашниот ирански претседател.