Ekipa
12 Јули 2017•Ажурирај: 16 Јули 2017
АНКАРА (АА) – По обидот за државен удар во Турција, кој се случи на 15 јули минатата година, изведен од страна на терористичката организација ФЕТО, Anadolu Agency (AA) подготви видео-запис, кој ја објаснува хронологијата на настаните кои се случија таа вечер.
Во ова видео, кое во текот на минатата година беше претставено на различни информативни изложби низ целиот свет, според хронолошки редослед се наведени најважните случувања за време на обидот за државен удар.
На крајот од видео-записот е говорот на турскиот претсдател Реџеп Таип Ердоган, ден подоцна, кога илјадници граѓани се собраа на градските плоштади и главните улици ширум Турција во одбрана на демократијата и легитимно избраните институции.