Ecenur Çolak
31 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Фотографии изработени од фотографите на турската информативна агенција Anadolu Agency (AA), поврзани со обидот за државен удар што на 15 јули го изведе терористичката организација ФЕТО, беа изложени во многу држави во светот, а исто така беа поставени и во просториите на светските меѓународни институции.
Фотографии на кои се забележуваат трагите од обидот за државен удар, моменти од самиот настан на 15 јули го обиколија светот. Фотографиите беа изложени во многу земји од Европа, па сѐ до Средниот Исток, и привлекоа големо внимание.
Посетителите на изложбите изјавија дека фотографиите се сведоци на настанот и покажуваат колку тој бил насилен и уништувачки. На тие фотографии најотворено може да се забележи херојскиот еп што го напиша турскиот народ против обидот за државен удар.
Изложби во 10 земји
%2F20160823_2_18748211_13553470.jpg)
Скопје ја имаше честа во просториите на Националната галерија „Чифте амам“ да ја прикаже изложбата од 52 фотографии под наслов „Победа на демократијата низ фотографии“ и видеото изработено од страна на Anadolu Agency под наслов „Што се случи вечерта на 15 јули? Обидот за државен удар од минута во минута“, кое беше титлувано на македонски и на албански јазик. Изложбата предизвика голем интерес кај посетителите и можеа да се забележат емоциите што фотографиите и видеото ги предизвикаа кај посетителите.
Во Мамуша, единствената турска општина во Косово, беа изложени 52 фотографии од настанот од 15 јули, под наслов „Поздрав кон демократијата, од Косово за Турција“. Изложбата беше посетена од голем број косовски граѓани. Како продолжение на оваа изложба, на 22 октомври во Мамуша беше организиран марш, протест против ФЕТО под паролата „Марш на демократијата за поддршка на националната волја“.
%2F20161017_2_19618669_15118823.jpg)
По повод 93-годишнината од Денот на Република Турција, во Софија, Париз, Тбилиси и Вашингтон, на приемот што го организираа амбасадите на Турција во Бугарија, Франција, Грузија и во САД беа презентирани фотографиите што фоторепортерите на АА ги направиле за време на обидот за државен удар во Турција на 15 јули.
Во Сараево, по панелот под наслов „Сите аспекти на обидот за државен удар на 15 јули 2016“, за посетителите беше отворена изложба на која беа претставени фотографии за настаните од 15 јули, па сѐ до митингот пред Јеникапи во Истанбул.
%2F20161020_2_19671947_15211022.jpg)
Голем интерес кај посетителите на изложбата во Вашингтон предизвикаа брошурите и книгата којашто ја издаде Anadolu Agency под наслов „Обидот за државен удар на ФЕТО од минута во минута“.
Во присуство на државни официјални лица и пратеници, во Азербејџан беше отворена изложбата на фотографии под наслов „15 јули – подемот на националната волја“. Интересот на посетителите го привлече и книгата на АА „Обидот за државен удар на ФЕТО од минута во минута“.
Изложбата на тема „Обидот за државен удар на 15 јули и демократската победа на Турција“ беше презентирана во градот Триполи, во северниот дел на Либија, под покровителство на амбасадата на Турција во Бејрут, во соработка со Anadolu Agency, Културниот институт „Јунус Емре“ во Бејрут и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Покрај големиот број присутни претставници на медиумите од Либија, академици, политичари и верски лица, на изложбата имаше и голем број Либијци и Турци што живеат во Триполи.
Демократската унија на Турците во Европа (UETD), на плоштадот Ла Моне во Брисел подготви изложба од 40 фотографии, на која беа претставени кадри од обидот за државен удар на 15 јули и на минувачите им беа дадени информации за преживеаните настани од вечерта на 15 јули и дежурството за демократија на турскиот народ на плоштадите во Турција.
Домаќини на изложбите беа и меѓународни институции
Советот на Европа беше домаќин на изложбата под наслов „Што се случи вечерта на 15 јули?“, која предизвика голем интерес кај членовите на Парламентарно собрание на Советот на Европа, кај вработените во Советот и претставниците на невладини организации кои присуствувале во Стразбур, на Генералниот одбор на Парламентарно собрание на Советот на Европа.
Претставници на парламентите од 47 земји можеа да ги погледнат 24-те хронолошки фотографии од обидот за државен удар организан од страна на ФЕТО.
Пред канцеларијата на Обединетите нации во Женева, на плоштадот „Споменик на скршениот стол“ беше поставена изложба од 30 фотографии на АА, на кои минувачите можеа да го видат оруженото насилство што организацијата ФЕТО го спроведе врз народот во обидот за државен удар на 15 јули. Изложбата предизвика голем интерес кај учесниците на 33. состанок на Советот за човекови права на ОН, амбасадорите во Швајцарија, конзулите, вработените во ОН, новинари, претставници на невладини организации и кај граѓаните.
Од друга страна, организацијата Меѓународната алијанса за човекови права и развој пред отворањето на изложбата организираше конференција на темата „Турската демократија е посилна од пучот“.