İlhan Toprak
01 Јуни 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
ЕНТЕБЕ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган со официјална церемонија беше пречекан од претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата која се одржа во претседателската палата во Ентебе беше проследена со интонирање на химните на двете држави и сите воени почести.
Двајцата претседатели ги претставија своите делегации, по што претседателите Ердоган и Мусевени имаа двојна средба.