Kubilay Çelik
16 Февруари 2016•Ажурирај: 17 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу, изјави денес во Анкара дека членовите на организацијата ПЈД, сирискиот огранок на ПКК, се платеници на Русија во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„ПЈД, особено по кризата помеѓу Русија и Турција, дојде во позиција на реализатор на руските планови во регионот во смисла на тоа неговите членови да станат легионери, платени војници на Русија и дека ѝ штетат на Турција. ЈПГ или ПЈД на ниеден начин не се претставници на Курдите, на курдскиот народ, не се претставници на Сирија туку се руски легионери, платеници”, рече турскиот премиер во својот говор во парламентот.
Тој предупреди дека „никој не треба да ги злоупотребува Курдите”.
„Од ова место им се обраќам на Сирија, Ирак и понатаму, на целиот свет. Никој нека не се обидува да ги злоупотреби Курдите. Заштитникот на Курдите е државата, Република Турција”, порача Давутоглу.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу порача и вчера во Киев дека ерата на Советскиот сојуз заврши пред две и пол децении и дека секој обид на руските власти повторно да ја оживеат таа ера е осуден на неуспех.