Bayram Altuğ
16 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција остро ги осуди руските воздушни напади во Сирија, истакнувајќи дека нападите претставуваат воено злосторство, според меѓународното право, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштение на турското министерство се нагласува дека на состанокот на Меѓународната група за поддршка за Сирија во Минхен на 11-ти февруари одлучено е да престанат судирите во Сирија.
„Наместо да прекинат со нападите во Сирија по оваа одлука, Русите истите ги интензивираа и ги насочија против цивили, болници и училишта. Во текот на последните 24 часа во руските воздушните и ракетни напади врз две училишта и една болница во градот Азаз и во болница во Идлиб, раководена од „лекари без граници”, загинаа над 30 невини цивили, меѓу кои повеќето жени и деца. Се претпоставува дека ранети се над 100 лица”, се вели во соопштението.
Турција остро ги осуди нападите врз невини цивили во Сирија.
„Нападите кои остро ги осудуваме, кои во никој случај не можат да бидат прифатени од човештвото и свеста, како такви според меѓународното право претставуваат воено злосторство. Русија со злоделата што ги прави во Сирија само уште повеќе ја продлабочува граѓанската војна и предизвикува опасни тензии во регионот. Неизбежно е дека Русија ќе се соочи со поголеми и посериозни последици доколку не запре со овие акции и напади, кои сè повеќе ja оддалечуваат Сирија од мирот и стабилноста”, се додава во соопштението.
Обединетите нации (ОН) во понеделникот соопштија дека како резултат на ракетните напади на пет здравствени установи и две училишта во Алепо и Идлиб во Сирија, при што загинаа околу 50 луѓе, меѓу кои и деца. Заменик-портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, изјави дека во нападот на болниците и училиштата во Алепо и Идлиб убиени се 50 цивили, а голем број се ранети. Нападите се извршени врз болници поддржани од страна на меѓународната организација „Лекари без граници”. Хак за новинарите во Њујорк изјави дека генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, изразува загриженост во врска со нападите врз цивили. Тој истакна дека овие напади се отворена повреда на меѓународното право.
Хак посочи дека со овие напади е нанесена штета на здравествената и образовната инфраструктурата во Сирија, која, како штто рече, веќе беше во многу лоша состојба
„Овие напади ги засенија ветувањата дадени на состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија во Минхен, пред неколку дена”, рече Хак.
Тој истакна дека е потребно што е можно побрзо да се спроведат мерките кои се договорени на состанокот во Минхен.
За потсетување, водечките светски сили постигнаа договор на 11-ти февруари за прекин на непријателствата во Сирија и во испораката на хуманитарна помош за населението. Прекинот на огнот не се однесува на ДАЕШ и на другите милитантни групи кои се борат во Сирија. Според документот кој е прифатен од меѓународната група за поддршка на Сирија, судирите треба да престанат во рок од седум дена а хуманитарната помош во одредени области треба веднаш да биде доставена.