Nilay Kar
15 Април 2018•Ажурирај: 16 Април 2018
АФРИН/АНКАРА (АА) - Голема подземна база на терористите е пронајдена во подрачјето на Африн, северозападна Сирија, кое беше ослободено неодамна во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, јавува Anadolu Agency (AA).
Базата има капацитет за околу 1.000 луѓе и беше откриена за време на активностите за расчистување на теренот од страна на Турската војска и Слободната сириска војска (ССВ).
Anadolu Agency (АА) ги сними подземните простории на базата 10 метри под земјата, ископани во пошумената област во планинското подрачје околу Африн.
Базата е изградена со помош на специјална тешка машинерија; а изградбата е тешко забележлива од беспилотните летала како резултат на нејзината затскриеност со дрвја.

Подземната база има околу 100-120 метри долги ходници. На крајот на ходниците има десетици конференциски сали, соби, купатила, тоалети и излез за итни случаи.

Турција ја започна операцијата „Маслинова гранка“ на 20 јануари, со цел расчистување на терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ од подрачјето на Африн, северозападна Сирија, во услови на растечки закани од тој регион.

На 18 март, силите со поддршка на Турција го ослободија центарот на градот Африн, кој беше главно скривалиште на ЈПГ/ПКК од 2012 година.

Операцијата има за цел да воспостави безбедност и стабилност долж турските граници и регионот, како и да го заштити сириското население од угнетувањето и суровоста на терористите.