свет

Западен Брег: Израелската војска приведе еден од челниците на Хамас

Израелските безбедносни сили денес на Западниот Брег приведоа еден од водачите на Палестинското движење Хамас

Ali H. M.Abo Rezeg  | 15.04.2018 - Обновена : 15.04.2018
Западен Брег: Израелската војска приведе еден од челниците на Хамас Фото: Џамал ал Тавил, еден од лидерите на палестинското движење Хамас

Ramallah

РАМАЛА (АА) - Израелските безбедносни сили денес на Западниот Брег приведоа еден од лидерите на палестинското движење Хамас, јавува Anadolu Agency (AA).

Израелските војници влегле во домот на Џамал ал Тавил во градот Ал Бира и го привеле, тврдат локалните жители на населбата Умм ал-Шарајит.

Во 2006 година, Ал Tавел беше избран за градоначалник на Ал Бира.

Израелската полиција не се огласи по повод неговото апсење.

Израелските сили секојдневно вршат рации во подрачјето на Западниот Брег во потрага по „барани“ Палестинци.

Според податоците на палестинските власти, Израел во моментов во затвор држи близу 6.500 Палестинци, од кои повеќето доаѓаат од окупираниот Западен Брег.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın