Ekipa
26 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Стотина новинари и активисти за слобода на говорот одржаа демонстрации во знак на протест по повод убиството на мексиканските новинари во северната држава Чивава во четвртокот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мирослава Брич е третиот новинар убиен овој месец во една од најопасните земји во светот за медиумски работници.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „ Со убиствата на новинарите нема да се убие вистината“.
Брич работеше во весникот „Ла Јорнада“.
Џудит Калдерон, член на синдикатот на „ Ла Јорнада“, рече дека нејзините колеги бараат истрага за убиствата.
Сторителите на убиствата сè уште не се пронајдени.
„Нападите врз новинарите доаѓаат од повеќе страни“, изјави Калдерон.
Колумнистот Mикард Moнлиу беше убиен на 19. март во Веракруз, а фриленсерот Сесилио Пинеда, на 2. март во државата Гуереро.