Diyar Güldoğan
16 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
АНКАРА (АА) - Односите со Турција со сигурност се враќаат во нормала, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашите односи со Турција со сигурност се враќаат во нормала, во корист на двете земји“, пишува во соопштението од Кремљ.
Путин ги изнесе овие забелешки за време на церемонијата во Големата палата во Кремљ, каде што ги доби акредитивните писма од 18 странски амбасадори, вклучувајќи го и амбасадорот на Анкара во Москва, Хусеин Дириоз.
Путин изјави дека на 10 март, во Москва имал многу продуктивен состанок со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган, при што тие разговарале во врска со енергетските проекти и за борбата против тероризмот во Сирија.
„Енергичните напори на Русија и Турција имаа многу клучна улога во обезбедувањето прекин на огнот меѓу сириските владини сили и вооружената опозиција. Знаеме каква улога одигра Турција во ова и тоа многу го цениме. Поради тоа се обезбеди можност за организирање на мировните преговори за Сирија во Астана“, изјави Путин, осврнувајќи се на преговорите во главниот град на Казакхстан.
Преговорите во Астана, фокусирани на прекинот на огнот, кој стапи на сила на 30 декември минатата година, се одржуваат со посредство на Турција, која ја поддржува опозицијата, и Русија и Иран, кои го поддржуват режимот на Башар ал Асад.
Откако прекинот на огнот стапи на сила, првиот круг од преговрите во Астана беше одржан на 23 и 24 јануари. Тогаш, Турција, Русија и Иран воспоставија трилатерален механизам за набљудување и за да се обезбеди почитување на прекинот на огнот во Сирија.
Втората рунда преговори беше одржана на 15 и16 февруари, а третата заврши вчера.
Руско-турските односи влегоа во нова фаза откако Путин и Ердоган се состанаа минатиот петок во Москва, на шестиот Совет за соработка на високо ниво. Ердоган изјави дека заврши процесот на нормализација помеѓу Анкара и Москва, кој започна минатото лето.