Ekipa
16 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Mакрон, во кој разговараа за билатералните односи и регионалната соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган и Maкрон, меѓу другото разговараа и за билатералните односи меѓу двете земји, но и за други важни прашања како што е ситуацијата во Сирија, борбата против тероризмот и повторно актуелната бегалска криза.
За време на разговорите беше потенцирана важноста на зајакнувањето на билатералните односи и продолжувањето на дијалогот меѓу Турција и Франција.
Кога станува збор за ситуацијата во Сирија, борбата против тероризмот и бегалската криза, лидерите на Турција и Франција истакнаа дека е многу важно да се продолжи соработката во контекст на регионалните прашања.
Ердоган се осврна и на прашањата за сирискиот град Мунбич, и потсети на Договорот меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД), кој се однесува на Мапата на патот за Mунбич.
Ердоган и Макрон потврдија дека ќе одржуваат блиски контакти во периодот по претседателските и парламентарните избори, кои во Турција ќе се одржат на 24 јуни.