Eda Özdener
16 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили извршија нови напади и уништија засолништа и складишта за муниција и оружје на терористичката организација ПКК во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Од турскиот Генералштаб е соопштено дека воздушните напади во Кандил, северен Ирак, продолжуваат.
Планините Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Хакурк и Зап се наоѓаат во северен Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје познато како колевка на терористичкото движење ПКК.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција, како и во северените делови на Ирак и Сирија.