İzzet Mazi
18 Април 2016•Ажурирај: 18 Април 2016
КИЛИС (АА) - Ракетите истрелани од Сирија експлодираа денес во градот Килис во јужна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Една од двете ракети лансирани од територијата на Сирија погоди еден магацин на државната болница во градот. Втората експлодираше на празна земјоделска површина во близина на истиот објект.
Безбедносните сили преземаа мерки за заштита на населението. Во експлозијата немаше повредени.