Fatjon Prronı
18 Април 2016•Ажурирај: 18 Април 2016
АНКАРА (АА) - При обид за преминување во Сирија, во југоисточната провинција Мардин денес се убиени 18 припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштија извори од Генералштабот на Вооружените сили на Турција, меѓу убиените се и двајца таканаречени водачи на ПКК.