Selen Temizer
18 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад тврдат дека нивните позициии во Деир ез Зор биле мета на напад на коалициските сили предводени од Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Прорежимската новинска агенција САНА јавува дека авиони на коалициските сили доцна синоќа нападнале позиции на режимот во Деир ез Зор.
Во вестите се наведува дека меѓу останатото е погодена точка во местото Хири, во градот Ал Букамал и дека режимот претпрел загуби.
Северниот дел на Деир ез Зор богат со енергенти, со операцијата која ја поддржаа и САД во септември минатата година, беше ставен под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Јужниот дел на областа е под контрола на режимските сили, додека терористичката организација ДЕАШ е присутна во две неповрзани дела во подрачјето на Деир ез Зор.