Lokman İlhan
18 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
БОГОТА (АА) - Десничарот Иван Дуке, кандидат на Демократскиот центар, со освоени 53,95 отсто од гласовите е победник на претседателските избори во Колумбија, јавува Anadolu Agency (AA).
На изборите на кои излезноста беше 53 отсто и на кои гласаа повеќе од 19 милиони Колумбијци, Дуке доби 10 милиони и 370.000 гласови. Неговиот противник, левичарот Густаво Петро, освои 41,83 отсто од гласовите, односно доби доверба од осум милиони и 31.000 гласачи.
Дуке кој победи во 24 од 32 административни единици, на чело на Колумбија ќе биде од 7 август оваа година до 2022 година.
Неговата заменичка Марта Лусија Рамирес ќе биде првата потпретседателка во историјата на оваа земја.
Исто така, повеќе од 800.000 Колумбијци не одбраа ниту еден од двајцата понудени кандидати.
Хуан Карлос Галиндо пред изборната комисија изјави дека изборите поминале во мирно опкружување без поголеми инциденти.
Галиндо изјави дека изборите ги следеле и набљудувачи на ЕУ, и потсети дека е забележана рекордна излезност.