Ali Cura
31 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
МОСКВА (АА) - Во градот Архагелск, сместен во северниот дел на Русија, дојде до експлозија во близина на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ). Во експлозијата животот го загуби едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Руската информативна агенција ТАСС објави вест, базирана врз безбедносни извори, во која се вели дека во раните утрински часови, од засега непознати причини, дошло до експлозија во близина на објектот на ФСБ.
Во експлозијата животот го загубило едно лице, а во веста се вели дека починатото лице не е вработено во ФСБ.
Засега нема информации за причините за експлозијата.