Dildar Baykan
31 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
ЊУЈОРК (AA) - Списанието „Columbia Journalism Review" (CJR), кое го издава Департманот за новинарство на Универзитетот Колумбиа, постави штанд во Њујорк на кој се изложени весници со „лажните вести", јавува Anadolu Agency (AA).
Уредништвото на списанието на овој начин сакаше да сврти внимание на прашањето на „лажните вести" за кои во последните денови се водат жестоки расправи помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и опозициските медиумски куќи, меѓу кои и Си-Ен-Ен (CNN).
CJR по тој повод постави штанд во паркот Брајант на Менхетен на кој се изложени на кој се изложени дневните весници и списанија со лажни вести објавени на интернет.
Проектот го нарекоа „Дезинформациски штанд" за да испратат порака за тоа колкава штета „лажните вести" нанесуваат на новинарските принципи на точноста и доверливоста.
Кајли Поп, главен и одговорен уредник на CJR, за АА рече дека се решителни да реализираат ваков проект за да и покажат на јавноста дека вестите кои се објавуваат на интернет не се секогаш доверливи и точни.
„Ги идентификувавме најчитаните лажни вести на интернет, а потоа во принтано издание ги изложивме на штанд. Целта ни е луѓето на овој начин да разберат дека некои вести кои ги читаат на интернет потполно се неточни и многу чудни", рече Попе.
Предупреди дека вестите кои во денешно време ги објавуваат новинарите привлекуваат се помалку внимание, напоменуваќи дека таквата ситуација претставува одредена криза во светот на новинарството.
„Со овој проект се обидовме малку и да се пошегуваме, но колку тоа и да е смешно, ова е и крајно сериозно", рече Попе, напоменувајќи дека со овој проект на луѓето ќе им понудат и одредени совети за тоа на кој начин да препознаат лажни вести.
„Така ќе можат да разберат која веест на социјалните мрежи е вистинита, а која е лажна. Според моето мислење, и на самите граѓани е одговорноста да сфатат можат ли да веруваат или не на вестите кои ги читаат", рече главниот и одговрен уредник на CJR.
На насловните страници на весниците и на списанијата изложени на штандот напишани се лажни вести кои ги пронајдоа на социјалните мрежи, додека на внатрешните страници се наоѓаат информации за тоа како да се препознаат лажни вести. Весниците и списанијата од штандот на граѓаните им се делеа бесплатно.