Ali Cura
10 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
МОСКВА (АА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, соопшти дека Русија ќе поднесе нацрт-резолуција до Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), со цел подрачјето на Дума, во Источна Гута, Сирија, да биде отворено за истрага за експертите од Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров, по средбата со неговиот севернокорејски колега Ли Јонг Хo, одговaреше на новинарските прашања.
Лавров нагласи дека денес ќе поднесат нацрт-резолуција до Советот за безбедност на ОН, со цел експертите од Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) да извршат истражување околу случајот со хемискиот напад во Дума.
Тој истакна дека е потребно оваа организација да ги исполни своите обврски, да ги врши своите истражувања на самото место, да ги истражува потребните примероци во соодветни лаборатории и да осигура безбедност за тоа.
Рускиот министер за надворашни работи истакна дека нацрт-резолуцијата ќе ја поднесат со цел реализирање на една транспарентна и праведна активност околу ова прашање.