Betül Yürük
30 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
ЊУЈОРК (АА) - Постојаната претставничка на Соединетите Американски Држави (САД) во Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, истакна дека САД нема да ги отстранат санкциите врз Русија, сè додека Русија не се повлече од Крим и од источниот дел на Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Хејли, во своето обраќање на состанокот на Советот за безбедност на ОН, каде што беше разговарано за случувањата во Украина, нагласи дека силно ги осудуваат активностите на Русија во источниот дел на Украина и анексијата на Крим.
Хејли рече дека САД нема да го променат ставот, сè додека Русија не стави крај на валканите активности во Украина.
„Нашите санкции ќе продолжат сè додека Русија не го остави Крим на Украина, не се повлече од источниот дел на Украина, и сè додека не го применува договорот во Минск“, додаде таа.
Хејли упати апел до Русија да ја преземе одговорноста за уривањето на патничкиот авион на малезиската авиокомпанија, и да соработува во истрагата околу овој случај.
Од друга страна, постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, ги критикуваше САД дека вршат пропаганда против Русија.
Небензја нагласи дека со никого не се во војна, и ја обвини Украина за прекршување на примирјето и поттикнување конфликти.
Небензја ги негираше тврдењата дека Русија е одговорна за падот на малезискиот авион, и рече дека треба да се води веродостојна и транспарентна истрага.